ЛЕГИСЛАТИВА

ЗАКОН ЗА УПОТРЕБАТА НА МAКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК „Сл. весник на РМ“ бр. 98/05, 89/08, 116/10 187/13 и 152/15)

 Член 2

 Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката.

 Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е право и должност на граѓаните на Републиката.

 Член 7

 Службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и другите текстови од член 5 став 1 на овој закон, што се објавуваат, задолжително се лекторираат на македонски јазик.

 Лекторирање може да врши лице со положен испит за лектор, односно со добиена лекторска лиценца, во согласност со овој закон.

Лекторска лиценца дава Министерството за култура  по положен испит во согласност со овој закон.

Comments are closed.